Стартувај, уживај, радувај се!
Во тебе е клучот!

Малку натпревар, малку уживање. 

На денот кога ги закројуваме лозите дојдете со вино и љубов да ја закроиме нашата трчачка година (навика)! Се што треба да направите е да се пријавите и да истрчате некој километар. Во случајов само 7 км. 

Св. Трифун кој е поим за младоста, симбол на лозарите и последниот зимски, а првиот пролетен празник, беше нашата инспирација од која произлезе идејата за оваа трка од забавен карактер и промоција на винскиот крај на Горни Дисан и Неготино.

Натпреварувањето е составен дел, но предност има забавата!

1. Стартот на трка е во 10:30 часот.
2. Сите учесници стартуваат одеднаш
3. Мерењто на времето ќе биде рачно
4. Секој учесник ќе биде ДОЛЖЕН да застане на секоја окрепителна станица
5. Секој учесник треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се послужи со најмалку 2 од понудените опции за дегустација – 1 пијалок и 1 парче храна.
6. На секоја станица ќе има СУДИЈА кој ќе ги забележува броевите на учесниците и ќе нотира дали ја исолниле својата обврска за дегустација
7. За да биде рангиран за една од наградите, СЕКОЈ УЧЕСНИК ПОТРЕБНО Е ДА ЗАСТАНЕ и да дегустира на секоја од окрепителните станици.
8. Учесникој кој нема да застане, или нема да дегустира на окрепителните станици, нема да биде земен во предвид при конечното рангирање за доделување на наградите
9. По пристигнувањето на целта секој учесник добива подарок и му се овозможува уживање со дегустација на вино и храна и локални производи.
10. Ќе бидат прогласени победници во 7 категории со награда и диплома, според следните категории.

  • Деца девојчиња (до 14 год.)
  • Деца  момчиња (до 14 год.)
  • Возрасни жени
  • Возрасни  мажи
  • Сениори жени (50+)
  • Сениори мажи (55+)
  • Семејство (семејство се смета доколку учествуваат 1 родител и најмалку 1 дете до 14 години)
en_USEnglish