Blog Content

Home – Blog Content

Déjà vu – Дежа ву – кога душата веќе знае!

Некои моменти не ги живееме првпат… само ги препознаваме.

Дали ви се случило да се најдете на некое место и, додека се движите, да се фатите себе како всушност повторувате нешто што веќе сте го правеле?
Објектите околу вас се исти, распоредот е ист, мирисите, сопственото движење, луѓето… Токму како оние моменти што популарно ги нарекуваме déjà vu. Или како сцената со мачорот во филмот Матрикс?

Постојат најразлични толкувања за овие епизоди, но до денес никој не докажал со сигурност што се и зошто се случуваат. Јас, за многу краток период, доживеав три вакви епизоди – без никаква очигледна причина. Тоа ме натера да се запрашам: „Зошто да не ја истражам оваа тема?“

Мене ми се случуваат вакви моменти прилично често. Дали ти се случуваат и тебе? Можеби да, можеби не. Верувам дека е тоа индивидуално, но дефинитивно таквите доживеани епизоди ретко се споделуваат. Прво, затоа што ни самите не си веруваме, а второ – сметаме дека немаат значење за другите.

Токму затоа решив да проговорам. Сакав подобро да разберам што се случува со мојот ум и тело. Едно е во умот да споредуваш нешто со претходно доживеано, но буквално да почувствуваш повторување на сцена – и физички, и ментално – е нешто сосема друго.

Најчесто, овие епизоди мене ми се случуваат на места што ги посетувам првпат, на настани, конференции, состаноци – и особено специфични се некои заради улогите во кои сум таму присутна. Тогаш се прашувам:

🔹 Дали тоа е порака дека веќе сум била таму и сум ја живеела таа сцена?
🔹 Дали сум тоа јас, но во други димензии што егзистираат паралелно со оваа?
🔹 Дали е тоа потсетник од мојата душа дека веќе го знам овој момент и треба да го повторам – за сè да излезе како што треба?

🔹 Или пак е потврда дека сум целосно усогласена со она што е мој живот денес?

Да, можеби звучи прилично неверојатно, дури малку како научна фантастика или утопија. Уште не сум нашла одговор на прашањето зошто мене ми се случуваат? Но понекогаш е убаво да се предизвикаме, да ги предизвикаме сопствените сфаќања за животот и начинот на кој го разбираме и гледаме светот.

Можеби и ти имаш моменти кога сè ти е познато, иако во реалноста не си го живеела или живеел тоа. Можеби некој тивок глас однатре ти вели: „Ова ти е веќе видено… сега одбери поинаку.“ Можеби ќе ги игнорираш тие моменти. Твој избор.

Јас сакам да верувам, барем засега, дека тие епизоди се врата, или можеби потсетник, дека нешто поважно се случува внатре, во умот, во душата што треба да се покаже надвор.

Провери дали и ти имаш свое déjà vu.
Што ти покажува? Можеби ќе те поведе во нов правец? Можеби ќе те упати во нова средина? Можеби ќе те одведе меѓу други луѓе?

До следното читање,

Сунчица

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Popular Articles

Most Recent Posts

  • All Post
  • Creative
  • Marketing
  • Personal Growth
  • Society & Awareness
  • Spirituality & Values
  • Storytelling
mk_MKMacedonian