Деконус ДOOЕЛ Скопје (понатаму Деконус) е застапник за Северна Македонија за марката часовници „11и11 саат“ (понатаму 11и11) од Виена, Австрија. Наведените услови за користење се однесуваат за часовници и поврзани производи од Марката купени директно од Деконус од крајни потрошувачи (понатаму Купувачи), за лична употреба.
Македонската верзија на документот е официјална, евентуалните преводи на други јазици се од информативна природа.
Деконус ги продава и испраќа часовниците само на територијата на Република Северна Македонија. Односите помеѓу Деконус и купувачите се водат според одредбите на македонското законодавство. При спорови надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
Политиката за приватност е наведена на веб-страницата на Деконус.
Ништо во наведените услови не ги ограничува задолжителните права на купувачите според Законот за заштита на потрошувачите и другите законски одредби. Доколку некоја одредба од Условите е неважечка поради конфликт со некои законски одредби, тогаш останатите одредби на Условите сѐ уште важат.
Со завршувањето на постапката за купување на веб-страницата, купувачот само испраќа нарачка, за што ќе биде информиран преку емаил. Нарачката ќе биде прифатена од Деконус дури по анализа на нарачката, при што таа ќе резултира со договор во случај на прифаќање на нарачката.
Во случај на одбивање на нарачката, Деконус ќе ги откаже резервациите за плаќање на картичките, односно ќе ги врати уплатените средства во најбрз можен рок, а најдоцна за 5 работни дена од откажувањето на нарачката. Рокот се однесува за извршување на дејствата за враќање на средствата од страна на Деконус и не го вклучува времето за извршување од страна на вклучените финансиски и други институции.
Деконус го задржува правото да ја одбие нарачката од какви било и без причина, без обврска за нивно објаснување. Деконус не презема одговорност за евентуални грешки, печатни грешки или пропусти во материјалите прикажани на веб-страницата на Деконус и на останатите канали за комуникација, вклучувајќи и грешки во наведените цени и карактеристики на производите.
Купените производи Деконус ќе ги испраќа преку курирска служба или со лична достава, во принцип во рок од 5 до 7 работни дена од прифаќањето на нарачката и достапноста на средствата. Исклучок се ситуации како недостапност на конкретните производи, болест, годишни одмори и слично. Во случај на подолг рок за испорака, купувачот ќе биде контактиран за прифатливоста на подолгиот рок на испорака и ќе има можност за откажување од нарачката и целосно враќање на средствата.
Купувачите имаат право да ги вратат купените производи во рок од две недели од денот кога ги имаат примено, односно ги има примено нивен застапник, под услов производите да се вратат во оригиналното пакување, да не се користени, да немаат оштетувања и да можат повторно да се продаваат. Во тој случај, на купувачите ќе им биде вратена сумата на ист начин на кој била извршена уплатата, намалена за надокнадата за транспорт, доколку таа е наплатена. Исклучок е враќањето на дефектни производи, при што на купувачите ќе им биде вретен целиот платен износ. Враќањето на производите на Деконус е на трошок на купувачот.
За почнување на процедурата на враќање на производите доволно е купувачот да испрати емаил на contact@dekonus.com или да се искористи контакт формуларот на веб-страницата на Деконус, по што купувачот ќе биде контактиран за враќањето на производите. Купувачот е должен на своја сметка да ги достави производите до Деконус во рок од две недели од поднесувањето на барањето за враќање на производите.
Доколку производите ги задоволуваат условите за враќање на парите, Деконус ќе изврши враќање на средствата во рок од 7 работни дена од пристигнувањето на производите во случај на задоволување на критериумите за целосно враќање на средствата. Рокот се однесува за извршување на дејствата за враќање на средствата од страна на Деконус и не го вклучува времето за извршување од страна на вклучените финансиски и други институции.
За кварцните часовници на 11и11 постои гаранција од 2 години, за механичките од 3 години.
Гаранцијата се однесува исклучиво за дефекти во производот кога е доставен, и за недостатоците и проблемите во работата на механизмот при користење во нормални услови. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата на куќиштето, кристалот (стаклото), ремчето, батеријата и други додатоци.
Гаранцијата покрива само проблеми настанати при редовно користење, и исклучува штети настанати од удари и други механички шокови, оштетувања од вода, електромагнетни полиња, неправилно користење и одржување. Гаранцијата исто не покрива губење, кражба, штети од злоупотреба на часовникот.
Гаранцијата не важи во случаи на неовластен сервис или отворање на часовникот. За упатување на барање за извршување поправка во рамки на гарантниот рок, купувачот може да се обрати на емаил адресата contact@dekonus.com или да го искористи контакт формуларот на веб-страницата на Деконус. Во зависност од кварот, од купувачот може да биде побарано да испрати фотографии или видео-снимки од производите пред начелното одобрување на гарантната постапка.
По начелното прифаќање на барањето за гарантна поправка, купувачот е должен на свој трошок да ги испрати производите на адреса наведена од Деконус Во случај на оправданост на барањето за поправка, по поправката производот ќе му биде на вратен на купувачот на трошок на Деконус, со користење на стандардни методи за испорака.
Во случај на неодобрување за гарантна поправка (на пример бидејќи при отварањето се утврдило дека кварот е настанат поради несоодветна поправка од неовластени лица), купувачот ќе има можност да плати за поправката, доколку е можна или да побара враќање на производите. Во обата случаи, трошоците за испорака ќе бидат на трошок на купувачот.
Очекуваното време на поправка ќе му биде соопштен на купувачот по прегледот на часовникот. Во случај на невозможност за поправка во законски определените рокови, потрошувачот ќе му биде понудена замена со ист или еквивалентен производ.
Деконус не презема одговорност за директните и индиректните штети настанати каки последица од нефункционирање и погрешно функционирање на часовникот, како активностите на Деконус и други лица кои работат за сметка на Деконус.
Деконус не сноси одговорност во случај на спреченост да ги изврши своите договорни обврски во случаи на виша сила како што се природни катастрофи, воени конфликти, проблеми со техничката инфраструктура и слично. Во секој случај максималната финансиска одговорност што Деконус ја има во однос на купувачот е во висина на платената сума од страна на купувачот.
Купувачот е должен да ја достави сметката за купувањето при барања за враќање на производите и за поправки во гарантниот рок.
Овој документ е предмет на промени и корекции – купувачите ќе бидат известени за значителни промени на условите преку емаил или при следната посета на веб-страницата.
Датум на важност на условите – 19 декември 2024