Се раѓаме, растеме, се развиваме. Доаѓаме на овој свет како единка, но живееме во заедница.
Колку пати во животот сте имале одлична идеја која го разбудила вашиот ентузијазам ?
Дали воопшто знаете што значи да се ужива во животот? Дали животот е сега и веднаш?
Финансиите, односно парите, се секојдневна тема која се обработува во нашите умови на различни нивои.
Се раѓаме, растеме, се развиваме и созреваме. Доаѓаме на овој свет како единка, но живееме во заедница. Семејството, училиштето, околината, животната средина, работната атмосфера, сето тоа влијае во обликувањето на нашето ЈАС.
Дали сето тоа влијание е добро или лошо за нас? Дали не води напред или назад? Дали ни поставува препреки и не одвраќа? Дали надворешните влијанија сме ги прифатиле како свои? Се вртиме ли во круг?
На овие, и многу други теми разговараме и се обучуваме во програмата за личен раст и развој.
Колку пати во животот сте имале одлична идеја која го разбудила вашиот ентузијазам до граница да имате чувство дека и планина може да поместите?
Веруваме многу пати.
Колку од тие ваши идеи го виделе светлото на денот?
Одговорот на ова прашање е индивидуален, но животното искуство ни потврдува дека после секоја идеја почнува да работи нашиот мозок, да се јавува сомнеж во нас во врска со остварливоста на идејата. Па дури и ако ние не се сомневаме во
тоа, тука се нашите поблиски или подалечни кои може лесно да не разубедат дека идејата и не е баш остварлива.
И ентузијазмот почнува да се топи….
Затоа пред да дојде до точка на топење на вашата идеја, дојдете кај нас!
Ние ќе ви покажеме како да се справите со тие гласови и чувства, како да ја зграпчите идејата и да работите на можноста за нејзина реализација, затоа што не заборавајте-во вас е клучот!
Дали воопшто знаете што значи да се ужива во животот? Дали животот е сега и веднаш? Дали и вас ве „меле“ секојдневната динамика во која трката по работа, пари, новото парче облека, новиот автомобил, стан итн.ве врти во круг во кој секојдневието е рутина?
Околу нас и во нас има се повеќе стрес, нетрпеливост, потценување, омаловажување, негирање…..
Излезете од кругот. Не гледајте го само сивилото. Има и други бои. На пример зелена, како дрвјата и тревата, или сина, како небото, или розева, црвена, портокалова, лилава како боите на цвеќињата и.т.н. А за да ја видитие природата околу вас, ние ве водиме на „настава во природа“. Повозрасните со нас ќе се потсетат на омилениот час од основно училиште, помладите ќе се здобијат со искуство плус, а сите заедно ќе ја осетиме природата.
Ќе го разбудиме детето во нас кое сака да истражува, да прашува, да се радува, да ужива учејќи и да се себеспознава. Ние ќе ви овозможиме во природна средина да зборувате за оние работи на кои се радувате, во кои уживате, коишто ви ја исполнуваат и осветлуваат душата, и чувствата. Ќе ви овозможиме од тие настани да понесете дел од себе и од оние чувства што ви будат пријатни сеќавања.
Финансиите, односно парите, се секојдневна тема која се обработува во нашите умови на различни нивои. И потсвесно секогаш мериме, споредуваме, броиме, воздивнуваме, посакуваме, критикуваме. И се тргнува од нашиот став и однос кон
парите. Секоја информација е добредојдена.
Затоа, ние ќе споделиме со Вас корисни информации кои ќе ви помогнат полесно да ги разберете финансиите и паричните текови.