Политика на приватност и заштита на податоци
Политика за приватност на личните податоци и правила за користење на веб апликацијата
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при користење на неговата веб апликација (понатаму: ”апликација”) како и при вршењето на електронско плаќање преку веб апликацијата. Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената веб апликација и не се однесува за личните податоци што ги собира од своите корисници на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страници, до кои пристапувате преку веб апликацијата. Секој корисник при регистрација и користење на онлајн услугите, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
Кои информации ги собираме?
За време на користењето на веб апликацијата, Вашата приватност целосно се почитува. Поради системска заштита, секогаш кога ќе ја користите веб апликацијата на нашиот сервер привремено ја регистрира вашата IP адреса на работната страна, заедно со уште неколку технички податоци во сесијата. При користење на веб апликацијата, се обработуваат Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку логирање или за вршење на друга услуга преку веб апликацијата, заради користење на нашите услуги за купување на билети за одреден настан. При електронска наплата на сметки, веб апликацијата нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка. Податоците за кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ со цел наплата на фактури преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на фактурите е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Веб апликацијата ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со Вашата картичка или Вашата сметка во банка.
За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Веб апликацијата ги обработува Вашите лични податоци за:
- овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.
- администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на веб апликацијата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.
- Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта поради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци веб апликацијата ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Веб апликацијата применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на наша страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При користење на апликацијата од страна на корисниците, може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на апликацијата.
Одлука на корисниците
Веб апликацијата сака да ги контактира своите корисници за да бидат навремено информирани за сите понуди и новости во однос на нашите продукти и услуги. Доколку се логирате на апликацијата, Вие се согласувате да Ви се обраќа преку е-пошта или телефонски број. Како корисници на услугите на веб апликацијата ќе бидете информирани за сите важни промени поврзани со Вашиот поврзани нарачки и настани.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Веб апликацијата има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со продолжување на користењето на апликацијата корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, Ве молиме да го прекинете користењето на апликацијата. Доколку имате било какви прашања поврзани со заштита на личните податоци, можете да не контактирате
Ви благодариме.
Датум на ажурирање: 20 декември 2024