Четврто издание! Како четири годишни времиња! И секое започнува токму во Долни Дисан. Таму е домот и на новото, четврто издание на Треил трката за ВИНО И ЉУБОВ. И овој пат ќе го одбележиме Св.Трифун и ќе наздравиме за бериќетна 2026 година и за многу љубов. Трката е на истата, позната патека со должина од речиси 8 километри. Содржината и натаму е малку натпревар, а многу уживање. Ова е нашиот начин, заедно со сите Вас, да бидеме дел од традицијата на закројувањето и започнувањето на годишните активности за лозовите насади,.
Ова е наш начин да дадеме свој придонес во промоција на винскиот крај на Долни Дисан и Неготино.
Трката има забавен карактер. Натпреварувањето претставува уживање во природата, а патеката е повеќе забава и помалку предизвик за успешно да се истрча или испешачи за да се стигне на целта, кадешто уживањето продолжува со забава на плоштадот во Долни Дисан.
Учеснички пакет:
Правила за трката:
Контакт за трката: Сунчица Арсовска 070 278 472
Плаќање и регистрација за сите понудени можости на следниот линк.








ДЕКОНУС ДООЕЛ Адреса: Ул. Банско бр. 23а, 1000 Скопје | ЕМС: 6394140 ЕДБ: 4030008040924
Контакт: тел. 070278472 е-маил: sunce@dekonus.com